• понеделник, 23 декември 2024

Свечена програма по повод Неделата на стари лица во Берово

Свечена програма по повод Неделата на стари лица во Берово
Берово, 14 ноември 2022 (МИА) – Во Берово на пригодна свечена програма во изведба на Староградскиот оркестар и пејачката група од „Здружението на пензионери, се одбележува Неделата на старите лица. Настанот се одржа во просториите на старскиот дом и истиот е посветен на корисниците во Домот за стари лица „др. Иван Влашки“, во Берово. Пред присутните се обрати директорката на установата, Живка Бојчовска – Каламадевска, која истакна дека одбележувањето на неделата на старите лица се реализира во знак на подигање на свеста за зголемена интеграција на старите лица, во сите општествени сфери. Претседателот на Здружение на пензионери, Васко Механџиски, упатувајќи честитки по повод неделата за старите лица. нагласи дека како значаен дел од општествениот живот, старите лица се токму тие кои го граделе општеството, потенцирајќи дека здружението работи постојано на старите лица да им се возврати со љубов грижа и почит, која многу им е потребна во овој животен период. Градоначалникот на Берово Звонко Пекевски кој присуствуваше на настанот, посакувајќи им пријатен престој и долги години да ги користат услугите, вети дека општина Берово постојано ќе се грижи за подобрување на условите во домот и проширување на капацитетите на установата. - На сите стари лица, нека им е честита неделата на старите лица, да ги минуваат дните низ здравје и разбирање и да учиме од нив, низ нивните животни искуства, нагласи Пекевски. вс/ир

Остани поврзан