• петок, 22 ноември 2024

Светскиот рекордер во маратонот Киптум загина во сообраќајна несреќа

Светскиот рекордер во маратонот Киптум загина во сообраќајна несреќа

Елдорет, 12 февруари 2024 (МИА) - Актуелниот светски рекордер во маратон, кенискиот тркач Келвин Киптум, загина во сообраќајна несреќа, објави порталот „Бизна Кенија“.

Несреќата во која учествувал спортист се случила на автопатот меѓу кенискиот град Елдорет и селото Каптагат. Маратонецот возел автомобил, изгубил контрола и удрил во дрво.

Заедно со 24-годишниот Киптум почина и неговиот тренер Жервејс Хакизимана. Двајцата починале на местото на настанот. Со нив во автомобилот имало и девојка, која со бројни повреди била пренесена во една од локалните болници.

Во октомври 2023 година, на маратонот во Чикаго, Киптум го истрча маратонот за 2 часа и 35 секунди, надминувајќи го рекордот на сонародникот Елиод Кипчоге за 34 секунди. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан