Светскиот рекордер во длабинско нуркање во посета на Нуркачкиот центар „Амфора“ во Охрид
- Ахмед Габр, светскиот рекордер во длабинско нуркање кој престојува во посета на Охрид, денеска имаше средба со нуркачите од Нуркачкиот клуб „Амфора“, со кои разговараше за неговите активности споделувајќи дека од неговот исклучително богато нуркачко искуство.
Охрид, 26 ноември 2025 (МИА) – Ахмед Габр, светскиот рекордер во длабинско нуркање кој престојува во посета на Охрид, денеска имаше средба со нуркачите од Нуркачкиот клуб „Амфора“, со кои разговараше за неговите активности споделувајќи дел од неговото исклучително богато нуркачко искуство.
Габр кој во Охрид допатува на иницијатива охриѓанката Симона Трповска, инаку националната и балканска рекордеска во длабинско нуркање за жени, е 42-годишен поранешен офицер од египетската армија, кој својата кариера ја продолжува во американската армија каде што го завршува курсот за борбени нуркачи и постанува единствен сертифициран американски борбен нуркач на Блискиот Исток.
Својата кариека како нуркач ја започнува на 18-годишна возраст, нуркајќи за задоволство, а подоцна решил да се стекне со обука за инструктор за нуркање. Во текот на годините како нуркач, тој нуркал и за работа и за задоволство, додека постојано ги градел и развивал своите ментални и физички способности.
На 18 септември 2014 година Ахмед придружуван од неговиот тим за поддршка од 30 разновидни експерти за нуркање, техничари и лекари тој се спушти на длабочина од 332,35 метри во Дахаб на Црвеното Море. До постигнатата длабочина од 332,35 метри тој се слушти за 14 минути, додека изнуркувањето траело цели 13 часа и 365 минути.
Ахмед е двоен рекордер во длабоко нуркање (за мажи), како и за најдлабоко нуркање во море. аб/рп/
Фото: Амфора