• петок, 17 мај 2024

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром одбележан во Земјоделско - шумарското училиште во Кавадарци 

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром одбележан во Земјоделско - шумарското училиште во Кавадарци 
Кавадарци, 21 март 2023 (МИА) - Различни, но подеднакво важни. Еднакви, различни, убави. Ова се само дел од пораките што денеска беа упатени од учениците и вработените во Земјоделско - шумарското училиште ,,Ѓорче Петров" од Кавадарци. 
 
- На креативен начин го одбележавме 21 Март, светскиот ден на лицата со Даунов синдром, но и денот на пролетта. Убавината е во различностите, па затоа денес,  на денот на пролетта,  творевме заедно во духот на природата и човечноста. Едноставно, се препуштивме на природното во нас и уживавме во моментот. Овој ден  го посветуваме  на сите нас, исти, различни, сеедно! Без предрасуди, без етикетирање и дискриминација, нагласија од училиштето што постои 66 години. 
 
Со пораката, ,,Секој е важен", упатија апел за заедништво и меѓусебно почитување. свд/сст/
 
Фото : училиште ,,Ѓорче Петров" Кавадарци 

Остани поврзан