СБ на ОН: САД ја поддржуваат израелската самоодбрана и го предупредуваат Иран да не ги напаѓа американските сили
- Американскиот претставник во Советот за безбедност на ОН, Мекој Пит, изјави дека Вашингтон бил однапред информиран за израелските напади врз Иран, но не учествувал во нив.
Њујорк, 13 јуни 2025 (МИА) – Американскиот претставник во Советот за безбедност на ОН, Мекој Пит, изјави дека Вашингтон бил однапред информиран за израелските напади врз Иран, но не учествувал во нив.
– Секоја суверена држава има право на самоодбрана, а Израел не е исклучок. Израелската влада ни соопшти дека нападите се неопходни за нивната самоодбрана, рече Пит.
Тој нагласи дека приоритет на САД останува заштитата на своите граѓани и сили во регионот и упати јасно предупредување до Иран:
– Последиците за Иран ќе бидат сериозни доколку ги нападне американските воени сили во регионот. ссм/
фото: архива