Сафади: Израелската агресија го турка регионот во сеопшта војна
- Шефот на јорданската дипломатија Ајман Сафади за време на денешната посета на Либан, предупреди дека „израелската агресија го турка регионот кон амбис“ и сеопшта војна
Бејрут, 7 октомври 2024 (МИА) – Шефот на јорданската дипломатија Ајман Сафади за време на денешната посета на Либан, предупреди дека „израелската агресија го турка регионот кон амбис“ и сеопшта војна.
- Израелската агресија што почна во Газа и сега продолжува во Либан го турка целиот регион во пропаст на сеопфатна регионална војна, истакна Сафади на прес-конференција во Бејрут.
Тој на почетокот на оваа година ја поддржа Јужна Африка против Тел Авив пред Меѓународниот суд на правдата, каде Израел е обвинета за геноцид во војната во Појасот Газа.
Сафади денеска повтори дека акциите на израелската армија против цивилите во Газа одговараат на правната дефиниција за геноцид. ми/
фото: ЕПА