• петок, 10 мај 2024

Саутгејт го објави списокот на играчи за натпреварите со Бразил и Белгија

Саутгејт го објави списокот на играчи за натпреварите со Бразил и Белгија

Лондон, 14 март (МИА) - Фудбалскиот селектор на Англија, Герет Саутгејт денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните пријателски натпревари против Бразил и Белгија.

На списокот на Саутгејт се најдоа:

Голмани: Сем Џонстон (Кристал Палас), Џордан Пикфорд (Евертон), Арон Рамсдејл (Арсенал).

Одбрана: Џарад Брантвајт (Евертон), Бен Чилвел (Челси), Луис Данк (Брајтон), Џо Гомез (Ливерпул), Езри Конса (Астон Вила), Хари Мегваер (Манчестер Јунајтед), Џон Стоунс, Кајл Вокер (Манчестер Сити).

Среден ред: Џуд Белингем (Реал), Конор Галагер, Кол Палмер (Челси), Џордан Хендерсон (Ајакс), Џерод Бовен (Вест Хем), Џејмс Медисон (Тотенхем), Деклан Рајс (Арсенал).

Напад: Фил Фоден (Манчестер Сити), Ентони Гордон (Њукасл), Хари Кејн (Баерн), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Букајо Сака (Арсенал), Иван Тони (Брентфорд), Оли Воткинс (Астон Вила).

Англија на 23 март ќе го пречека Бразил, а три дена подоцна Белгија. Двата натпревари ќе се играат на Вембли во Лондон. Последните два теста пред почетокот на ЕП Англија ќе ги има на 3 јуни против Босна и Херцеговина во Њукасл и Исланд на 7 јуни во Лондон. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан