Сасуоло го продолжи договорот со тренерот Диониси до 2025 година
- Тренерот на Сасуоло, Алесио Диониси го продолжи договорот со тимот до летото 2025 година, соопшти прес-службата на тимот.

Сасуоло, 6 јуни 2023 (МИА) - Тренерот на Сасуоло, Алесио Диониси го продолжи договорот со тимот до летото 2025 година, соопшти прес-службата на тимот.
Четириесет и тригодишниот играч е во тимот од летото 2021 година.
Претходно, Диониси ги предводеше Фиоренцуола, Имолезе, Венеција и Емполи.
Минатата сезона Сасуоло заврши на 13. место со 45 бодови. зс/
Фото: ЕПА