Сарџент: Љубителите на Формула 1 не веруваат многу во американските пилоти
- Возачот на Вилијамс, Логан Сарџент го сподели своето мислење за американските пилоти во Формула 1.
Лондон, 13 јануари 2024 (МИА) - Возачот на Вилијамс, Логан Сарџент го сподели своето мислење за американските пилоти во Формула 1.
- Мислам дека љубителите на овој спорт не очекуваат многу од американските возачи и не веруваат во нас. Но, на крајот, тоа не е важно, бидејќи сè додека вистинските луѓе знаат за што сте способни, останатото не е важно. Целата оваа возбуда навистина не е важна. Вие само ја работите својата работа, продолжувате да работите напорно и работите со луѓе кои имаат потенцијал да ја променат вашата кариера и сакате да дадете се од себе за нив. Тие исто така ви помагаат да се развиете и да продолжите напред. И тоа е сè што навистина можете да направите. Така, додека луѓето кои треба да ги знаат вашите способности ги знаат, останатото воопшто не е важно, изјави Сарџент за „Autosport“.
Дваесет и тригодишниот Сарџент дебитира во Формула 1 во 2023 година. Минатата сезона тој освои еден поен. Неговата најдобра стартна позиција беше шестото место на Големата награда на Лас Вегас.
Во историјата на Формула 1, американски возачи постигнале 33 победи. Фил Хил (1961) и Марио Андрети (1978) станаа светски шампиони. зс/
Фото: Logan Sargeant FB