Сараево: Евакуација по закани со бомби во два трговски центри
- Сараевските медиуми објавија дека првата дојава за бомба стигнала за „Sarajevo City Centre“ (SCC), а потоа и за „Importanne Centre“. Овие информации ги потврди Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, кое нареди евакуација и контрадиверзни проверки на објектите.

Сараево, 24 септември 2024 (МИА) - Два трговски центри во Сараево денеска добиле закани со бомби, по што беа евакуирани.
Сараевските медиуми објавија дека првата дојава за бомба стигнала за „Sarajevo City Centre“ (SCC), а потоа и за „Importanne Centre“.
Овие информации ги потврди Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, кое нареди евакуација и контрадиверзни проверки на објектите.
Вчера имаше закана со бомба на сараевскиот аеродром, а потоа и дојава за бомба во авион на летот Меминген-Сараево. Подоцна се покажа дека овие закани биле лажни. ссм/
фото: архива/илустрација