• петок, 17 мај 2024

Санчо со два услови да се врати во Манчестер Јунајтед

Санчо со два услови да се врати во Манчестер Јунајтед

Дортмунд, 17 април 2024 (МИА) - Џејден Санчо има два услови да заигра одново во Манчестер Јунајтед по неговата позајмица во Борусија Дортмунд, пишуваат медиумите на Островот.

На почетокот на сезоната, интернационалецот ја влоши врската со менаџерот Ерик тен Хаг, а Холанѓанецот побара јавно извинување, кое така и не го доби.

Упатените велат дека односот меѓу двајцата е непоправлив и дека заминувањето на менаџерот е суштинско за потенцијалното враќање на Санчо. Ова е услов број 1.

Се вели дека Џејсон Вилкокс, кој се очекува да биде назначен за технички директор на Јунајтед, сака да му даде уште една шанса на фудбалерот. Неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ е втор услов на офанзивниот фудбалер.

Двајцата се познаваат од нивното заедничко време во Манчестер Сити, чиј поранешен играч е Санчо. дс

Фото: Архива

Остани поврзан