Пол Џорџ за приклучувањето на Сиксерс: Имаме реални шанси
- Пол Џорџ ги сподели своите очекувања за настапите во неговата нова клупска средина Филаделфија севентисиксерс.

Филаделфија, 24 јули 2024 (МИА) - Пол Џорџ ги сподели своите очекувања за настапите во неговата нова клупска средина Филаделфија севентисиксерс.
-Сè беше наредено совршено. Аспирациите на Филаделфија, моите аспирации. Според мене, имаме реални шанси. Отсекогаш сум бил обожавател на Тајрис и Џоел, гледајќи од страна, а Џоел потајно беше еден од моите најблиски пријатели на Ол-стар. Така беше неизбежно во одреден момент да станеме соиграчи. Значи, давам се од себе. Моето семејство го следи мојот пример. Возбуден сум и со нетрпение ја очекувам оваа можност. Ќе помогнам да го симнам притисокот од Ембид. Мислам дека моето присуство ќе му помогне да ја помине сезоната здрав. Колку и да се чувствувате добро, притисокот доведува и до многу повреди, се трудите премногу, превземате премногу, се обидувате да ја добиете топката во секој посед, а тоа ве троши, истакна Џорџ.
Пред доаѓањето во Филаделфија, Џорџ играше за Лос Анџелес клиперс, Оклахома сити и Индијана пејсерс. зс/
Фото: ЕПА