• вторник, 27 август 2024

Санчез во посета на Западна Африка

Санчез во посета на Западна Африка

Мадрид, 26 август 2024 (МИА) – Премиерот на Шпанија, Педро Санчез денеска ја почна втората турнеја низ Западна Африка оваа година со цел да го запре миграцискиот бран кон Канарските Острови и да се спротивстави на присуството на Русија во Сахел.

Според податоци на Фронтекс во првите седум месеци од годината за 154 проценти е зголемен бројот на мигранти од западноафриканските земји кои пристигнале на Канарски Острови односно 21.620 луѓе, а властите стравуваат дека во наредните месеци речиси 150.000 мигранти од Африка може да се обидат да стигнат до шпанскиот брег.

Според податоците на Фронтекс, речиси половина од мигрантите се од Мали, кои се принудени да ги напуштат домовите поради конфликтот и економската криза. Во Мали е присутна руската паравоена група „Вагнер“.

За време на неговата посета, Санчез ќе се фокусира на зајакнување на односите со Мавританија, Сенегал и Гамбија – главните точки од кои поаѓаат чамците со мигранти. Мавританија и Сенегал граничат со Мали. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан