Санкциониран возачот кој се движел по велосипедска патека во Бутел
- МВР информира дека е санкционирано лицето кое со возило се движело по велосипедска патека во населбата Бутел. Се работи за З.С. (43) на кого веќе му е изречена казна.
Скопје, 24 април 2025 (МИА) - МВР информира дека е санкционирано лицето кое со возило се движело по велосипедска патека во населбата Бутел. Се работи за З.С. (43) на кого веќе му е изречена казна.
-Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило „Ауди" со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. „Бутелска" ве известуваме дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот. Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба, наведува МВР. мч/аа/
фото: МИА архива