• недела, 22 декември 2024

Санкции за 59 автобуси што вршат превоз на ученици, приведен и малолетник

Санкции за 59 автобуси што вршат превоз на ученици, приведен и малолетник
Скопје, 10 февруари 2023 (МИА) - Вкупно 59 сообраќајни прекршоци се констатирани во денешната акциската контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици спроведена на територија на целата држава во периодот од 12 до 16 часот. На вонреден технички преглед се упатени 12 возила.
 
При контролата, како што вечерва информира МВР, приведен е малолетник од Скопје, поради сторено прекршување на чл.80 од Законот за оружје. Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома и апелираат сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. вј/бак/

Остани поврзан