• сабота, 27 април 2024

Санкционирани 211 возачи за брзо возење

Санкционирани 211 возачи за брзо возење

Скопје, 26 март 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 115 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 96 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.са/

Фото: МИА

Остани поврзан