• недела, 22 декември 2024

Санкционирани 197 возачи во Скопје, од кои 93 за брзо возење

Санкционирани 197 возачи во Скопје, од кои 93 за брзо возење

Скопје, 8 април 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила.

Како што информираат од МВР, изречени се и пет мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. аа/
Фото: МИА архива

Остани поврзан