• недела, 22 декември 2024

Санкционирани 174 возачи во Скопје, 38 за брзо возење

Санкционирани 174 возачи во Скопје, 38 за брзо возење

Скопје, 12 август 2023 (МИА) -  Секторот за внатрешни работи Скопје при контроли во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 10 мерки за непочитување на првенство на минување, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за користење мобилен телефон при возење... 

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан