Санкционирани 114 возачи на мотоцикли
- Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават воза

Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 19:00 до 00:00 часот, во засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, биле санкционирани 114 возачи.
-Од нив, 78 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 19 возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, информираат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.ир/аа/