• петок, 20 декември 2024

Санкционирани 112 возачи на територија на СВР Битола поради брзо возење

Санкционирани 112 возачи на територија на СВР Битола поради брзо возење
Скопје, 12 април 2023 (МИА) - На територијата на СВР Битола денеска во рамки на засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, санкционирани се 112 возачи. Од нив,19 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.
 
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
 
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР. бт/сп/

Остани поврзан