Санкции за 691 возач без возачка за една седмица, најголем дел од прекршоците на територија на Битола и Струмица
- Статистичките бројки покажуваат дека најголем број од овие прекршоци се евидентирани на подрачјата на секторите за внатрешни работи - Битола - 136 и Струмица - 125, најмалку на подрачјата на секторите за внатрешни работи - Штип - 35 и Охрид - четириесет и три, појаснија од МВР.
Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Заради непоседување возачка дозвола при управување возило, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, од почетокот на изминатата седмица - 30 јуни, заклучно со вчерашниот ден, во рамки на континуираните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава санкционирани се 691 лице, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- Статистичките бројки покажуваат дека најголем број од овие прекршоци се евидентирани на подрачјата на секторите за внатрешни работи - Битола - 136 и Струмица - 125, најмалку на подрачјата на секторите за внатрешни работи - Штип - 35 и Охрид - четириесет и три, појаснија од МВР.
За овој период, на подрачјето на СВР - Скопје, регистрирани биле 72 вакви прекршочни санкции, додека на СВР - Тетово - 97, СВР - Куманово - 66, а СВР - Велес со 54 прекршоци за непоседување возачка дозвола.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата, истакнаа од МВР. бд/дма/
Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи