Санација на депонијата Русино од март, надзорот ќе го врши Државниот инспекторат за животна средина
- Старт на санација на депонијата Русино од март, под надзорот на Државниот инспекторат за животна средина, е договорено на средбата иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за
Скопје, 19 февруари 2021 (МИА) - Старт на санација на депонијата Русино од март, под надзорот на Државниот инспекторат за животна средина, е договорено на средбата иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, гостиврската Општина и Јавното комунално претпријатие во Гостивар, како и Регионалното претпријатие за управување со отпад формирано од сите општини во Полошкиот регион.
На координативната средба се договорени интервентни мерки за контрола на исцедните води од депонијата и организациските подобрувања на приемот и отстранувањето на отпадот ќе се следат од Државниот инспекторат за животна средина. Изведбата на овие мерки и самиот надзор ќе започнат во текот на месец март.
- Пред да отпочнат работите, Инспекторатот ќе ја добие на увид проектната документација и динамичкиот план за реализација на активностите, за соодветно да се планираат редовните и вонредните надзори. Координирана акција на државни и локални инспектори за мапирање на ѓубриштата, по што градоначалниците на општините во Полошкиот регион ќе добијат известување од Инспекторатот за да организираат чистење во согласност со закон, соопшти ДИЖС.
Државниот инспекторат за животна средина константно ќе има комуникација и со претставници на иницијативата „Стоп Русино“ со цел соработка и размена на информации со граѓаните околу начинот и резултатите од спроведувањето на надзорoт. нд/сп/