Санае: Јапонија и Јужна Кореја треба заедно да работат за стабилност на регионот
- Јапонската премиерка Санае Такаичи на средбата со претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-мјунг изјави дека двете земји треба заедно да работат за стабилност на регионот
Токио, 13 јануари 2026 (МИА) – Јапонската премиерка Санае Такаичи на средбата со претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-мјунг изјави дека двете земји треба заедно да работат за стабилност на регионот.
- Би сакале 2026 година да биде годината во која односите меѓу Јапонија и Јужна Кореја ќе достигнат уште поголеми височини, посочи Санае.
На средбата во јапонскиот град Нара, Ли истакна дека билатералната соработка сега е „поважно од кога било“.
- Во сегашниот сложен и вртоглав меѓународен поредок, соработката помеѓу Јужна Кореја и Јапонија е поважна од кога било, истакна Ли.
Според него, тензиите помеѓу Јапонија и Кина не се пожелни за регионалниот мир. ми/ссм/
фото: ЕПА