• петок, 28 февруари 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сампаоли може да ја предводи репрезентацијата на Колумбија

Сампаоли може да ја предводи репрезентацијата на Колумбија
Богота, 20 ноември 2020 (МИА) – Актуелниот тренерот на Атлетик Минеиро, Хорхе Сампаоли, наскоро може да го напушти тимот. Според „Глобал еспорте“, Колумбиската фудбалска федерација планира да му ја понуди на Сампаоли функцијата селектор на националниот тим. Прелиминарните преговори веќе се направени меѓу страните, но 60-годишниот специјалист јасно стави до знаење дека сака да ја заврши сезоната во бразилскиот шампионат со цел да го одведе тимот до шампионската титула. Неговиот тековен договор со клубот трае до крајот на 2021 година. зс/

Остани поврзан