Самитот на БРИКС ќе се одржи во Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули
- Оваа година Бразил е ротирачки претседавач на групата водечки економии во развој - Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.
![Самитот на БРИКС ќе се одржи во Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули](https://mia.mk/images/20250216085653_big_730x400_27.webp )
Бразилија, 16 февруари 2025 (МИА) - Бразилската влада соопшти дека овогодинешниот самит на БРИКС ќе се одржи во бразилската метропола Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули.
Оваа година Бразил е ротирачки претседавач на групата водечки економии во развој - Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.
Блокот се прошири, се приклучија Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија, а поканата за приклучување беше упатена и до Саудиска Арабија.
Турција, Азербејџан и Малезија поднесоа официјални апликации за членство. Нигерија има статус на „партнер“.
„Ќе донесеме стратешки одлуки за развој, соработка и за подобрување на животот на граѓаните на земјите од БРИКС и нашите партнери“, изјави бразилскиот министер за надворешни работи Мауро Виеира. зш/