• недела, 22 декември 2024

Салфетката на која Меси потпиша за Барселона ќе се продава на аукција

Салфетката на која Меси потпиша за Барселона ќе се продава на аукција

 

Барселона, 31 јануари 2024 (МИА) – Салфетка на која неформално бил напишан првиот договор меѓу тогаш 13-годишниот Лионел Меси и Барселона ќе биде ставена на аукција во март за почетна цена од 381.000 долари, објави денеска британската аукциска куќа „Bonhams“.

Парчето хартија, кое е еден од најважните документи во историјата на фудбалот. е потпишано во 2000 година кога тогашниот спортски директор на Барселона, Карлес Рексач, постигна договор со таткото на Меси, Хорхе, и менаџерот Хорацио Гаџиоли за ангажман на аргентинскиот тинејџер, кој во годините што уследија стана најдобриот стрелец во историјата на каталонскиот клуб и еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња.

Клучниот момент во фудбалската историја на Меси се случи кога Рексач го покани Хорхе Меси на ручек поради неговата загриженост околу непостоењето договор за трансфер во шпанскиот клуб.

„Во Барселона, на 14 декември 2000 година и во присуство на господата Мингуел и Хорасио, спортскиот директор на ФК Барселона, Карлес Рексач, со ова се согласува, под своја одговорност и независно од какви и да е спротивни мислења, да потпише договор со играчот Лионел Меси, под услов да ги задржиме договорените износи, пишува на салфетката на која се наоѓа логото на тенискиот клуб Помпеја.

На салфетката стојат потписите на Карлес Рексач и Жосеп Мингуел, тогашен советник за трансфери на Барселона, како и на аргентинскиот менаџер Хорацио Гаџиоли.

Договорот кој го ратификуваше тогашниот претседател на Барселона, Жоан Гаспарт, официјално е потпишан истата вечер, а еден месец подоцна Барселона го комплетираше потпишувањето на договорот со Лео Меси, означувајќи почеток на неговиот 20-годишен престој во каталонскиот клуб.

Меси во дресот на Барселона освои 34 трофеи и одигра рекордни 782 натпревари на кои постигна 674 голови. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан