• среда, 20 ноември 2024

Саливан се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Малта

Саливан се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Малта

Вашингтон, 17 септември 2023 (МИА) - Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Малта во обид да ги стабилизира билатералните односи.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Саливан и Ванг имале „искрени, значајни и конструктивни разговори“.

Ова е нова дискусија на високо ниво во серијата консултации меѓу американските и кинеските претставници, кои го подготвуваат теренот за средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг подоцна оваа година.

Саливан и Ванг последен пат разговараа во мај во Виена.

Овој месец Бајден го изрази своето разочарување што Си го пропуштил форумот на Г20 во Индија, но додаде дека „ќе успее да се види со него“.

Следна таква можност е самитот за Азиско-пацифичка економска соработка, кој е закажан за ноември. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан