Саливан разговарал со лидерите на Саудиска Арабија и Израел
- Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Саливан, имал „конструктивна“ средба со саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман по повод регулирање на ситуацијата во Газа, a за резултатите од средбата тој подоцна го информирал премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, се вели во синоќешното соопштение од Белата куќа.
Вашингтон, 20 мај 2024 (МИА) - Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Саливан, имал „конструктивна“ средба со саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман по повод регулирање на ситуацијата во Газа, a за резултатите од средбата тој подоцна го информирал премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, се вели во синоќешното соопштение од Белата куќа.
По посетата на Саудиска Арабија, Саливан имал средби и разговори со раководството на Израел во Ерусалим при што истакнал за „потенцијалот кој сега може да биде достапен за Израел, како и за палестинскиот народ“.
Во Израел, Саливан разговарал за текот на воената операција во Газа и неопходноста да се сведe на минимум цивилни жртви.
- Саливан потврди дека Израел е неопходно да ги поврзи воените опрерации со политичка стратегија која може да обезбеди конечен пораз на Хамас, ослободување на сите заложници и подобра иднина за Газа, се вели во соопштението.
Во текот на разоворите, Саливан ја потврдил позицијата на претседателот Бајден во однос на Рафа.
Администрацијата на Бајден претходно запре испорака на 3.500 тешки бомби поради загриженост дека Израел може да ги употреби во својата офанзива во густонаселениот град Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.
Советникот во Белата куќа со раководството на Израел исто така говорел и за „чекори за создавање ефективен механизам за деконфликтинг, за хуманитарните работици да можат безбедно да доставуваат помош на оние што им е најпотребна“. Саливан предложил и низа мерки за поактиво носење на таа помош во Газа преку граничните контроли и повеќенационалниот хуманитарен морски коридор. кб/паг/