САД ќе ја бојкотираат почитта на ОН за иранскиот лидер Раиси
- Соединетите Држави ќе ја бојкотираат денешната почит на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа на почетокот на овој месец, изјави американски официјален претставник.

Њујорк, 30 мај 2024 (МИА) - Соединетите Држави ќе ја бојкотираат денешната почит на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа на почетокот на овој месец, изјави американски официјален претставник.
193-членото Генерално собрание на ОН традиционално се состанува за да оддаде чест на светски лидер кој бил актуелен шеф на државата во моментот на неговата смрт.
-Нема да присуствуваме на овој настан во никакво својство, изјави неименуван американски функционер за британски медиуми. мс/
фото: ЕПА