• четврток, 14 ноември 2024

САД привремено го затворија граничниот премин со Мексико во Тексас

САД привремено го затворија граничниот премин со Мексико во Тексас

Вашингтон, 21 декември 2023 (МИА)  - Американското Министерство за домашна безбедност презеде привремена мерка за затворање на граничниот премин Тексас-Мексико за „да се запре големото движење на мигрантите кои пристигнуваат со железница и да се заштити здравјето и безбедноста на својот персонал “, соопшти денеска Белата куќа.

„Ние тесно соработуваме со мексиканската Влада за да се обидеме да го решиме ова прашање, истовремено зголемувајќи го персоналот во регионот“, се додава во соопштението, пренесено од британските медиуми.

Белата куќа, исто така, објави дека продолжува со редовната комуникација со деловните субјекти, со цел да се оцени и ублажи влијанието на овие привремени мерки за затворање.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан