• понеделник, 23 декември 2024

САД првпат ја истакнуваат вештачката интелигенција како ризик за финансискиот систем

САД првпат ја истакнуваат вештачката интелигенција како ризик за финансискиот систем

Вашингтон, 15 декември 2023 (МИА) - Финансиските регулатори во САД за првпат ја наведоа вештачката интелигенција (ВИ) како ризик за финансискиот систем.

Во својот последен годишен извештај, Советот за надзор на финансиската стабилност (ФСОЦ) наведува дека зголемената употреба на ВИ во финансиските услуги е „ранливост“ за следење.

Додека вештачката интелигенција нуди ветување за намалување на трошоците, подобрување на ефикасноста, идентификување посложени односи и подобрување на перформансите и точноста, таа исто така може да „воведе одредени ризици, вклучувајќи ги и безбедносните и доверливите ризици, како што се кибер ризиците и ризиците за моделот“, наведува ФСОЦ во годишниот извештај.

ФСОЦ, кој беше формиран по финансиската криза во 2008 година за да ги идентификува прекумерните ризици во финансискиот систем, предупреди дека развојот на вештачката интелигенција треба да се следи за да се обезбеди дека надзорните механизми „ги земаат предвид новите ризици“ истовремено олеснувајќи ја „ефикасноста и иновативноста“.

Властите, исто така, мора да ја „продлабочат експертизата и капацитетот“ за следење на ситуацијата на теренот, се вели во извештајот на ФСОЦ.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен, која претседава со ФСОЦ, рече дека прифаќањето на вештачката интелигенција може да се зголеми бидејќи финансиската индустрија ги прифаќа новите технологии, а Советот ќе има улога во следењето на „ризиците што се појавуваат“.

„Поддршката на одговорните иновации во оваа област може да му овозможи на финансискиот систем да реализира придобивки како што е зголемената ефикасност, но постојат и принципи и правила за управување со ризик кои треба да се применат“, рече Јелен. паг/

Фото: Скриншот

Остани поврзан