• петок, 15 ноември 2024

САД остро ги осудија нападите врз нивната амбасада во Багдад

САД остро ги осудија нападите врз нивната амбасада во Багдад

Вашингтон, 9 декември 2023 (МИА) - Соединетите Американски Држави „остро ги осудија“ нападите врз нивната амбасада во Багдад и врз американските и коалициските трупи во Ирак, повикувајќи ги ирачките власти „да ги изведат сторителите пред лицето на правдата“, пренесе БТА.

-Повеќето милиции поврзани со Иран кои дејствуваат слободно во Ирак ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на Ирак, нашите војници и нашите партнери во регионот, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан