• сабота, 23 ноември 2024

САД обвинија четири руски војници за извршени воени злосторства во Украина

САД обвинија четири руски војници за извршени воени злосторства во Украина

Вашингтон, 6 декември 2023 (МИА) Четири лица поврзани со руската војска беа денеска обвинети од Министерството за правда на САД за воени злосторства, како измачување, нехуман третман и незаконско затворање на американски државјанин. 

Ова е првпат САД да поднесат тужби за воени злосторства против руски воени лица според домашното законодавство а за „грозоморни злосторства против американски државјанин“, изјави јавниот обвинител на САД Мерик Гарланд. 

Обвинетите се именувани како Сејранович Мкртчјан, Димитри Будник, Валериј и Назар  (со непознати презимиња). 

Како што изјавија од министерството, обвнетите наводно испрашувале, тепале и измачувале жртва, се заканувале да ја убијат жртвата и извршиле лажна егзекуција врз неа. Актите се случиле во април 2022 година кога Мкртчјан и војници под негова команда наводно киднапирале Американец од неговото село во јужна Украина и „незаконски го затвориле најмалку десет денови“. 

Според обвинението, Мкртчјан и Будник биле командири во единици на руските воени сили, и/или на таканаречената Доњецка народна република, регион во Украина што Русија го смета за свој. 

Лицата се обвинето под три воени злосторства и под една точка за заговор за вршење воени злосторства. Ако се осудени се соочуваат со максимална казна затвор доживотно. Тие не се задржани од САД. 

-Додека светот е сведок на ужасите на бруталната инвазија на Русија во Украина, тоа го сведочи и Министерството за првада на САД, соопштија оттаму и наведија дека ќе работат „толку колку што е поребно да се бара одговорност и правда за руската воена агресија“. кб/

Остани поврзан