САД не планираат независна истрага за случајот со убиените хуманитарни работници во Газа
- Портпаролот на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Џон Кирби изјави дека САД немаат намера да спроведуваат сопствена истрага за случајот со убиените хуманитарни работници на организацијата „Светска централна кујна“ во Газа.
Вашингтон, 5 април 2024 (МИА) - Портпаролот на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Џон Кирби изјави дека САД немаат намера да спроведуваат сопствена истрага за случајот со убиените хуманитарни работници на организацијата „Светска централна кујна“ во Газа.
Кирби изјави за новинарите дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вчерашниот телефонски разговорго го информирал американскиот претседател за општите заклучоци од израелската истрага за инцидентот. рп/
Фото: ЕПА