• недела, 22 декември 2024

САД и Русија привремено ги суспендираа инспекциите предвидени со СТАРТ-3

САД и Русија привремено ги суспендираа инспекциите предвидени со СТАРТ-3
Вашингтон, 29 март 2020 (МИА) - Извршниот директор на американската Асоцијација за контрола на вооружувањето Дерил Кимбол изјави дека САД и Русија  привремено ги суспендираа блатералните инспекци предвидени со Договорот за намалување на стратешкото нуклеарно оружје (СТАРТ). - САД и Русија се договорија да ги преинат инспекциите на терен според Новиот договор за за намалување на стратешкото нуклеарно оружје до 1 мај, посочи Кимбол. Вашингтон и Москва исто така се договорија да го одложат состанокот на Билатералната консултативна комисија поради пандемијата со новиот коронавирус. Билатералната консултативна комисија е формирана за остварувања на целите и одредбите на СТАРТ-3, со кој се предвидува двете страни да извршат инспекции. Според протоколот, секоја држава има годишна квота од 18 инспекции во базите со интерконтинентални балистички ракети, подморници и воздушни бази. ми/

Тагови

Остани поврзан