• вторник, 05 ноември 2024

САД и Папуа Нова Гвинеја потпишаа договор за соработка во безбедносната сфера

САД и Папуа Нова Гвинеја потпишаа договор за соработка во безбедносната сфера

Порт Моресби, 22 мај 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Порт Моресби потпиша договор за безбедносна соработка со Папуа Нова Гвинеја, со кој ќе се олеснат воените вежби во кои е вклучена американската војска.

Блинкен, на средбата со премиерот на Папуа Нова Гвинеја Џејмс Марапе, истакна дека Договорот ќе го продлабочи партнерството на Вашингтон со Порт Моресби.

- Двајцата лидери разговараа за економскиот развој, климатската криза и посветеноста на САД кон регионот на Пацификот, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Американскиот државен секретар имаше средба и со лидерите на 14 островски држави во Тихи Океан, кои споделија дека нивниот најважен безбедносен приоритет е справување со зголеменото ниво на морето предизвикано од климатските промени.

Претходно и индискиот премиер Нарендра Моди ја посети Папуа Нова Гвинеја и исто така се сретна со лидерите на 14 островски држави. Моди ги увери учесниците на состанокот дека имаат поддршка од Њу Делхи. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан