• петок, 26 април 2024

САД изразија загриженост поради агресивното однесување на Кина во Јужнокинеско Море

САД изразија загриженост поради агресивното однесување на Кина во Јужнокинеско Море

Вашингтон, 11 април 2024 (МИА) - Белата куќа е многу загрижена поради активностите на Кина во регионот на Јужнокинеско Море, изјави денеска за Си-ен-е“ висок службеник во администрацијата, во време кога претседателот Џо Бајден се подготвува да привлече два азиски сојузника во својот сојуз на самитот во Вашингтон денеска.

Се работи за филипинско-јапонскиот самит, а двете земји, Јапонија и Филипините, имаат одделни територијални спорови со Кина. Првата околу Сенкаку островите во Источнокинеско Море, а втората во областа на Јужнокинеско Море.

-Тоа што ќе го видите е јасна демонстрација на поддршка и одлучност од претседателот Бајден и премиерот (Фумио) Кишида, и ќе стоиме рамо до рамо со (Фердинанд) Маркос, подготвени за подршка и работа со Филипините на секој чекор, изјави службеникот во пресрет на средбата.

Средбата доаѓа по агресивните дејствија на Кина околу Тајвен и Јужнокинеско Море, како и нуклеарните провокации од Северна Кореја и нејзините се поцврсти врски со Русија – загриженост што ги привлече регионалните сојзници поблиску до САД.

Јапонија е во центарот на сојузот на Бајден за разој на Индотихоокеанскиот регион и едан од најдорите соработници во тоа е Кишида, кој во изминатите две години ја смени одбранбената политика и обезбедува значајна подршка за Украина додека таму трае руската инвазија.

Кишида се сложи за зголемување на трошоците за одбрана до 2 отсто од БДП на земјата до 2037 година и снабдување со американските проектили „Томахавк“, за зголемување на противударните можности на Јапонија. кб/ссм/

Остани поврзан