• петок, 05 декември 2025

САД донесоа одлука за продажба на муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари

САД донесоа одлука за продажба на муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари

Вашингтон, 1 јули 2025 (МИА) - Стејт департментот вчера донесе одлука да и одобри на израелската Влада можна продажба на комплети за наводувачка муниција, поддршка на муниција и сродна опрема по проценета цена од 510 милиони долари.

Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста го издаде потребниот сертификат со кој го информира Конгресот, се наведува на веб-страницата на агенцијата.

Израелската влада побара купување на 3.845 комплети за наведување на муницијата за заеднички директен напад и 3.280 комплети за наведување на тело од бомба MK 82.

Дополнително, во купувањето ќе бидат вклучени инженерска, логистичка и техничка поддршка за американската влада и изведувачите, како и други поврзани елементи на логистика и програмска поддршка.

„САД се посветени на безбедноста на Израел и од витално значење е за националниот интерес на САД да му помогнат на Израел да развие и одржи силен и подготвен капацитет за самоодбрана. Оваа предложена продажба е во согласност со тие цели“, се наведува на веб-страницата на агенцијата.

Предложената продажба треба да ја подобри способноста на Израел да се соочи со сегашните и идните закани преку подобрување на способноста на земјата да ги брани своите граници, клучната инфраструктура и населбите.

Главен изведувач ќе биде компанијата „Боинг“, со седиште во Сент Чарлс, Мисури, а договорот не бара распоредување на дополнителни претставници или изведувачи на американската влада во Израел.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан