• недела, 22 декември 2024

САД го ограничуваат трансферот на лични податоци на Американците на Кина и Русија

САД го ограничуваат трансферот на лични податоци на Американците на Кина и Русија

Вашингтон, 28 февруари 2024 (МИА) - Администрацијата на претседателот Џо Бајден денеска претстави указ за заштита на личните податоци на Американците со ограничување на нивно предавање на Кина, Русија и низа други земји.

Според указот, се забранува масовно предавање на геолокациска, биометриска, медицинска и финансиска информација за Американците „во земјите кои предизвикуваат загриженост“.

Документот исто така забранува трансфер во тие земји на каков и да било обем на податоци за владиниот персонал на САД. Останати такви држави се Иран, Северна Кореја, Куба и Венецуела.

- Нашите противници користат доверливи лични податоци на Американците за да ја загрозуваат нашата национална безбедност, се вели во изјавата на министерот за правда Мерик Гарланд.

-Тие ги купуваат овие податоци да ги искористат за уцени и следење на некои индивидуи или за прогон на оние кои тие ги сметаат за дисиденти кои живеат во Соединетите Американски Држави и за други злонамерни дејствија, се додава во изјавата.

Заменикот во министерството Метју Олсен вели дека „непријателските странски држави користат масивен обем на информации и можноста на вештачката интелигенција за напади против Американците“.

Конгресот исто така разгледува закон за забрана на федералните агенции да склучуваат договори со кинеските компании BGI Group и Wuxi APPTEC, во рамките на напорите да се отстрани пристапот на Кина до американските генетски податоци и лична медицинска информација. кб/паг/

Остани поврзан