• понеделник, 23 декември 2024

САД го обвини „Хјундаи“ поради експлоатација на детскиот труд 

САД го обвини „Хјундаи“ поради експлоатација на детскиот труд 

Вашингтон, 31 мај 2024 (МИА) - Американското Министерство за труд го обвини јужнокорејскиот производител на автомобили „Хјундаи“ дека незаконски користи детски труд во неговите и партнерските компании во сојузната држава Алабама.

Во тужбата, поднесена во Окружниот суд на САД во Монтгомери, Алабама, исто така се бара од компаниите да отфрлат каква било добивка поврзана со користење на детски труд. 

Пред две години американските медиуми објавија дека деца, некои и на 12-годишна возраст работеле за филијала на компанијата „Хјундаи“ и за снабдувачите со делови во Алабама. ми/

Остани поврзан