• среда, 17 април 2024

САД ги повикаа своите државјани итно да го напуштат Хаити заради ескалацијата на насилството

САД ги повикаа своите државјани итно да го напуштат Хаити заради ескалацијата на насилството

Порт-О-Пренс, 4 март 2024 (МИА) - САД денеска ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити „што е можно поскоро“ откако насилството ескалира во островската држава минатиот викенд и принуди уште 15.000 луѓе да избегаат поради судирите и вооружените напаѓачи кои упаднаа во најголемиот затвор во земјата.

САД, во кои живеат повеќе од еден милион Хаиќани, соопштија дека Американската амбасада денеска ќе предложи ограничени операции, додека Канада најави дека привремено ќе ја затвори својата амбасада.

На Хаити е прогласена 72-часовна вонредна состојба и воведен е полициски час, а Владата на Хаити најави дека ќе тргне во потрага по убијци, киднапери и други криминалци за кои верува дека избегале од затвор откако бандите ги ослободија речиси сите затвореници мажи, пренесе денеска Би-Би-Си.

Вооружени банди упаднаа во затвор во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс и ослободија голем број затвореници, а повеќето од околу 4.000 ослободени затвореници избегаа, изјави локален новинар за Би-Би-Си. Меѓу затворениците имало и членови на бандата обвинета за убиство на претседателот Џовенел Мојс во 2021 година.

„На полицијата и е наредено да ги искористи сите средства што ѝ се на располагање за да го спроведе полицискиот час и да го уапси секој што го прекршува законот“, рече министерот за финансии Патрик Боавер, кој ја извршуваше функцијата премиер.

Банди на Хаити кои сакаат да го соборат привремениот претседател Ариел Анри контролираат 80 отсто од Порт-о-Пренс. Последниот бран насилства почна пред неколку дена кога претседателот отпатува за Најроби за да разговара за доаѓањето на меѓународните безбедносни сили предводени од Кенија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан