САД воведоа нов пакет санкции за Северна Кореја
- На веб-страницата на Министерството за финансии на САД денеска е објавено дека САД вовеле нов пакет санкции за Северна Кореја.
Вашингтон, 27 август 2025 (МИА) – На веб-страницата на Министерството за финансии на САД денеска е објавено дека САД вовеле нов пакет санкции за Северна Кореја.
- Соединетите Американски Држави во средата воведоа нови санкции поврзани со Северна Кореја, се наведува во објавата на страницата на американското Министерство за финансии.
Се додава дека две лица и два субјекта се додадени на списокот за санкции на американската Канцеларија за контрола на странски средства.
- Оваа акција е дел од целокупните напори на Владата на Соединетите Држави да се спротивстави на широките шеми за генерирање приходи на ДНРК (Демократска Народна Република Кореја), во тесна координација со нашите сојузници и партнери. Како дел од таа соработка, Стејт департментот и министерствата за надворешни работи на Јапонија и Република Кореја денеска издадоа заедничка изјава за заканите што ги претставуваат ИТ работниците на ДНРК, се вели во соопштението. јт/