• вторник, 13 август 2024

САД бараат од Турција да го убеди Иран да ги намали тензиите на Блискиот Исток

САД бараат од Турција да го убеди Иран да ги намали тензиите на Блискиот Исток

Истанбул, 13 август 2024 (МИА) - САД бараат од Турција и другите сојузници кои одржуваат односи со Иран да ја убедат да ги намали тензиите на Блискиот Исток, изјави американскиот амбасадор во Турција, Џеф Флејк.

-Бараме од сите наши сојузници кои имаат какви било односи со Иран да го убедат да се деескалира, а тоа ја вклучува и Турција, рече Флејк на тркалезната маса со новинарите во Истанбул на крајот на неговиот мандат во Турција, објавија британските медиуми.

Според него, турските соговорници на Вашингтон прават се што можат за да не дојде до ескалација и изгледаат посигурни од САД дека тоа нема да се случи. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан