• четврток, 02 јануари 2025

САД/Избори: Проекција на Си-Ен-Ен: Харис победи во Калифорнија

САД/Избори: Проекција на Си-Ен-Ен: Харис победи во Калифорнија

Вашингтон, 6 ноември 224 (МИА) – Потпретседателката на САД Камала Харис ќе победи во Калифорнија, проектира Си-Ен-Ен.

Во Калифорнија во прашање се 54 изборни гласа. Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.

На изборите во 2020 година во оваа држава победи актуелниот американски претседател Џо Бајден.

Според досегашните проекции, републиканецот Трамп има 211 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 145. јт/

Остани поврзан