САД/Избори: Проекција на Си-Ен-Ен: Трамп ја освои Оклахома
- Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во Оклахома, проектира Си-Ен-Ен.
Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) - Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во Оклахома, проектира Си-Ен-Ен.
Во Оклахома се работи за седум изборни гласови. Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.
И во 2020 година Трамп победи во Оклахома. Во 2020 година, државата му ја даде на Трамп неговата четврта најголема разлика во победа, зад Вајоминг, Западна Вирџинија и Северна Дакота.
Според досегашните проекции, Трамп има 90 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 27. јт/