САД/Избори: Проекција на Си-Ен-Ен: Трамп победи во Џорџија
- Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во државата Џорџија, проектира Си-Ен-Ен.
Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) – Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во државата Џорџија, проектира Си-Ен-Ен.
Во Џорџија во прашање се 16 изборни гласови. Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.
Џорџија е релативно нова колеблива држава во претседателската политика и му ја донесе победата на претседателот Џо Бајден во 2020 година. Џорџија стана сина за првпат во речиси 30 години кога Бајден победи за само 11.779 гласови.
Според досегашните проекции, Трамп има 246 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 182. јт/
Фото: ЕПА