САД/Избори: Проекција на Си-Ен-Ен: Трамп победи во Ајдахо
- Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во Ајдахо, проектира Си-Ен-Ен.
Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) – Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во Ајдахо, проектира Си-Ен-Ен.
Во Ајдахо во прашање се четири изборни гласови. Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.
Поранешниот претседател Доналд Трамп и во 2020 година победи во Ајдахо.
Според досегашните проекции, Трамп има 211 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 145. јт/
Фото: ЕПА