• четврток, 26 декември 2024

САД/Избори: Проекција на Си-Ен-Ен: Трамп освои три електорски гласа во Небраска

САД/Избори: Проекција на Си-Ен-Ен: Трамп освои три електорски гласа во Небраска

Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) – Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе освои три од пет електорски гласови во Небраска, проектира Си-Ен-Ен.

Во Небраска во прашање се пет изборни гласови. Небраска е една од двете држави, Мејн е другата, што дозволува изборните гласови да се поделат.

Два од петте изборни гласови на Небраска одат кај победникот на гласањето низ државата. По еден изборен глас оди за победникот во секоја од трите конгресни области на државата. Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.

Во 2020 година Трамп победи во Небраска.

Според досегашните проекции, републиканецот Трамп има 230 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 182. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан