САД/Избори: Обвинителот на Филаделфија го отфрла тврдењето на Трамп за „масовна измама“ во градот
- „Нема никаква фактичка основа во органите на редот за да се поддржи оваа бесмислена изјава“, рече Краснер. „Цел ден сме отворени за примање на евентуални жалби и тврдења за неправилности. Ако Доналд Џ. Трамп има какви било факти за поддршка на неговите диви обвинувања, ги бараме веднаш. Сега. Без задржување“.
Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) - Пред затворањето на гласачките места во Пенсилванија, претседателскиот кандидат на Републиканците Доналд Трамп објави на својата социјална платформа дека има „гласини за масовна измама во Филаделфија“ и додаде дека силите на редот се на пат.
Трамп не даде повеќе детали, а неговите претставници не одговорија на барањата за коментар за што точно се однесувала објавата.
Гласањето на Изборниот ден во Пенсилванија помина релативно мирно, со извештаи за технички проблеми со табулаторите за гласови во неколку окрузи.
Окружниот обвинител на Филаделфија, Лари Краснер, издаде изјава како одговор на објавата на Трамп, истакнувајќи дека единствените тврдења за измама доаѓаат од републиканскиот претседателски кандидат.
„Нема никаква фактичка основа во органите на редот за да се поддржи оваа бесмислена изјава“, рече Краснер. „Цел ден сме отворени за примање на евентуални жалби и тврдења за неправилности. Ако Доналд Џ. Трамп има какви било факти за поддршка на неговите диви обвинувања, ги бараме веднаш. Сега. Без задржување“. ссм/
фото: архива