• недела, 22 декември 2024

„Сабах: Турција би можела да го блокира пристапот до Телеграм

„Сабах: Турција би можела да го блокира пристапот до Телеграм

Анкара, 12 август 2024 (МИА) - Турција би можела да го блокира пристапот до социјалната мрежа Телеграм бидејќи, како што е утврдено според прелиминарните податоци, преку каналот се продава дрога и се промовира проституција и коцкање, пишува турскиот весник Сабах, повикувајќи се на извори во владините структури.

„Апликацијата Телеграм што нашироко се користи во Турција, стана „криминално мочуриште“. Познато е дека дрогата слободно се продава преку каналите отворени на Телеграм, а се промовираат проституција, коцкање и педофилски видеа“, пишува турскиот весник.

Според „Сабах“, турската Управа за информатички и комуникациски технологии (БТК) испратила повеќе од илјада писма до седиштето на Телеграм во Обединетото Кралство, барајќи од нив да ги затворат каналите, но не добиле одговор.

„Кажано е дека доколку Телеграм за кусо време не преземе мерки против овие канали пристапот може да биде блокиран“, се наведува во соопштението.

Турските власти на 2 август го блокираа пристапот до Инстаграм.

Министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу вчера изјави дека пристапот до оваа социјална мрежа на компанијата Мета е повторно воспоставен по преговорите и ветувањата дадени од неа.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан